Првото задолжување од инвестицискиот бран, од 500 до една милијарда евра, кое ќе биде наменето за изградба, неофицијално, ќе биде обезбедено од Велика Британија.
За разлика од првиот кредит од една милијарда евра, од кој половина од парите беа потрошени за враќање на еврообврзницата, која доспеваше во јануари 2025 година, а половина беше наменет за инвестиции во општински проекти и за кредитирање на стопанството, овој кредит ќе биде наменет за развој на инфраструктурата.
Сепак, задолжувањето што го планира државата, барем во делот на изградба на локални и регионални патишта, нема да дојде по принципот на потпишување договор влада со влада, како што беше случај со кредитот од Будимпешта.
Пишува
Орце КОСТОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК