По средбата со Мицкоски, веќе е јасно, Таравари треба да избере меѓу 2 опции. Едната опција е да соработува со Ахмети, кој би му дозволил да освои неколку општини на локалните избори, во замена за намалување на капацитетот на ВЛЕН и зголемување на притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.
Втората опција е да отфрли секаква соработка со ДУИ и да се обиде да постигне што подобар изборен резултат со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, која патем би ги менаџирала односите меѓу АА и ВЛЕН.
Кога ќе ги мери аргументите „за“ и „против“ едната и другата варијанта, на едната страна на вагата веројатно ќе ја стави можноста да биде дисквалификуван на изборите како дел од ВЛЕН доколку се пресликаат резултатите од последните избори, како и можноста да настрада поради генералното незадоволство на Албанците од позицијата на ВЛЕН во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, на другата страна на вагата сигурно ќе го стави ризикот да загуби автохтони анти-ДУИ поддржувачи ако се разобличи дека соработува со ДУИ, како ризикот да му се одлеат клиентелистички структури ако замине во опозиција. На која страна ќе натежне вагата?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК