Ако си ти обвинител и откриеш дека некој функционер направил дубара за која законот бара да биде казнет со десет илјади евра парична казна, нема да имаш силен мотив да ризикуваш да прифатиш кога тој ќе ти понуди мито.
Воедно и тој нема да има јак мотив да ти понуди повеќе мито од висината на казната, па така се намалува можноста за корупција, и кај давателот и кај примателот на митото.
Но, што ако за истата дубара е предвидена казна од милион евра, а можеби врз тоа и десет години затвор?
Е, во тој случај, функционерот ќе има ептен силен мотив да ти понуди ептен јака сума, а на толкава сума можеби и ти ќе му подлегнеш на искушението да се изложиш на ризик кога ќе го примиш митото.
Сите престроги казни го имаат тој ефект.
За да ја избегнат казната, виновниците се подготвени да понудат многу повеќе пари, а тие повисоки суми се многу попримамливи за надлежните лица што треба да ја спроведуваат казната.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК