Би била добра идеја, безобразните политичари народот да ги казни со издавање, не на дипломатски пасош или дипломатски таблички, туку со еден вид антидипломатски пасош, или антидипломатски сообраќајни таблички, кои, не само што не му носат дополнителни права на корисникот, туку и оние што веќе ги имал како обичен граѓанин, му ги ускратуваат!
Ако имаш дипломатски пасош, не мора да чекаш во ред на шалтер на аеродром, ама ако имаш антидипломатски пасош, не само што ќе чекаш на ред, туку кога ќе поминат сите што се пред тебе, пак ќе се вратиш на крајот на редот што се создал зад тебе!
Ако имаш дипломатски таблички на автомобилот, некои сообраќајни прописи и казни не важат за тебе. Ама ако имаш антидипломатски таблички, не само што важат сите казни, туку двојно поголеми се за тебе!
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК