Како разни власти повеќе од една деценија го поплочувале патот за изградба на хотел на охридската ривиера од страна на фирма поврзана со Мијалкови?!

by vlatko 00:00
00:00

Изградбата на нов хотелски комплекс во парк-шумата Горица 3 во Охрид од страна на компанијата „Дивелоп Груп“, каде што содружник е „Бест Веј Инвестмент“ на Јордан Мијалков, син на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, предизвика лавина реакции, пред сè, од невладиниот сектор, од каде што обвинија дека хотелот се гради со незаконска градежна дозвола и врз база на проект за кој не е спроведена оценка на влијанието врз животната средина.

Меѓутоа, од Општина Охрид тврдат дека испочитувани се сите законски норми во градежно-урбанистичкиот сегмент и посочуваат дека објектот е во рамки на Планот за управување со светско природно и културно наследство во охридскиот регион, а со измена на Законот за градење и на подзаконски акт се избегнала обврската за изработка на елаборат за животна средина.

Сепак, овој проект „преживеал“ со помош на анекси кон основниот договор, кои практично му овозможиле на инвеститорот да си „купи“ подолг временски рок за изградба. Откако компанијата во 2011 година го купила плацот од над 15 илјади квадрати за околу еден милион евра, склучила 2 анекси во 2013 и во 2019 година со локалната самоуправа врз основа на измени на Законот за градежно земјиште, така што по основ на договорни казни и камати платила над половина милион евра.

Ако се соберат трошоците за комуналии и данок, се доаѓа до сума од вкупно 2 милиони евра, кои купувачот ги потрошил за атрактивна локација.

Кога ќе се вкрстат сите факти, може да се заклучи дека повеќе од една деценија, во време на разни власти на централно и на локално ниво, се пробивал патот и на креативен начин се премостувале пречките, со цел овој објект да го види светлото на денот.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК