Според официјалните статистички податоци од клиниката, во 2017 година имало 3.755 нови пациенти, а вкупниот број на болни што се лекувале таму е 68.757.
Една година подоцна, таа бројка се зголемила на 4.391 нов пациент, со што автоматски се зголемува и вкупниот број пациенти што поминале низ клиниката, а тоа е 76.336 болни.
Низ годините, бројките алармантно растат, за лани, поточно за 2024 година да достигнат 5.188 новорегистрирани случаи, а вкупниот број на прегледи е 93.555.
Алармантни се бројките и со заминување на медицинскиот кадар од клиниката, па така само за една година, клиниката ја напуштиле десетина медицински сестри и болничари.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК