Истрагата на обвинителството за злоупотреба тешка 167 милиони евра при набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ уследи по предистрага отворена по иницијатива на антикорупционерите, кои своевремено информираа дека вкупната набавка на мазут од „РКМ“ изнесува околу 212 милиони евра.
Во периодот 2021-2023 година, кога се склучени спорните милионски договори, компанијата на Ратко Капушевски, чиј партнер во 2022 година станува Ерџан Сулкоски, во земјава има увезено 45 милиони килограми мазут.
Според податоците што ги обезбеди „Фокус“ од царината, во истиот период биле испитани 23 мостри при увоз на мазут на „РКМ“, а кај 6 се утврдени отстапувања од квалитетот, па затоа се вратени назад.
Освен што увезувал, „РКМ“ купувал мазут и од штипската „Санс АГ“, која дури на почетокот на оваа 2025 година ја загуби дозволата за работа од Општина Штип, откако инспекторатот за животна во средина, како што нè известија од таму, прво во 2020 и потоа во 2023 година констатирал неправилности.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК