Политиката треба да е аналогна на поправањето на некоја расипана машина кога одиш кај сервисерот (политичарот) за кој знаеш од искуство или си чул од пријатели, дека го бива за техника и му велиш дека имаш технички проблем, кој не знаеш сам како да го решиш и откако ќе се убедиш дека неговата репутација на поправач на дефекти е заслужена, му даваш доверба да го реши твојот проблем.
Ако ти го поправи парчето техника што било расипано, му викаш „фала, мајсторе“, му плаќаш колку треба и потоа го препорачуваш на пријателите кога и тие ќе се соочат со нерешлив технички проблем.
Кај нас, ако зариба СДСМ, го менуваме со ВМРО. Ако почне да треска ВМРО, го вадиме и ставаме СДСМ. Во меѓувреме подмачкуваме со ДУИ и фарбаме со некоја од пајтон партиите, не толку за заштита од корозија, туку чисто за да се одржи демократска естетика.
Така, наместо да се отстрануваат дефектите од системот, дефектноста станува составен дел од системот.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК