Според документите со кои располага „Фокус“, во годишниот официјален извештај на „Водовод и канализација“, кој сѐ уште не е прикачен на нивната страна за 2024 година, може да се забележи дека на наменската сметка за изградба на пречистителната станица, подолг период седат седум милиони евра, кои сѐ уште не ѝ се исплатени на германската компанија, која требаше да почне со изградба.
Поточно, парите се префрлаат со одредена динамика од кредитот од банките на сметката на „Водовод“, кои потоа треба да ги префрлат на фирмата што ќе ја гради пречистителната станица.
Од тука е логично да се постават прашањата – кој го прави тоа, зошто го прави, со каква намера и што може да добие од тоа, ако ги држи парите на наменска сметка?
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК