Што е полошо да има: голем број прости криминалци лесни за фаќање или мал број лукави криминалци тешки за фаќање?

by vlatko 00:00
00:00

Главната дилема што се појавува при секоја борба против криминалот е во тоа што ако државата практикува нула толеранција и неуморно ги лови глупавите криминалци, тој нискоквалитетен криминален кадар брзо ќе се исчисти, ама на неговото место ќе дојде висококвалитетен криминален кадар, составен само од лукави, внимателни и искусни бандити.

Ако, пак, се остават глупавите криминалци да го окупираат криминалниот простор, нема да има доволно ресурси за да се прошират интелигентните криминалци.

Ако може да се дава и зема мито во плик, кој тоа ќе смислува комплицирани шеми за сокривање на корупцијата?

Ако може дилерите да продаваат дрога на секој ќош, кој има потреба да организира непробојни системи за дискретна дистрибуција на наркотици?

Комплексноста чини екстра пари, па ако нема потреба од неа, повеќе профит има оној што си ја тера криминалната работа на најпрост можен начин.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК