По трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 59 млади луѓе и беа повредени околу 200 луѓе, земјата е на колена. Криците на млади луѓе, меѓу кои и деца на возраст од 12-13 години, кои порачуваат дека „Кочани е мртов град и град клекнат на колена“ и дека не им се живее во земјава поради корупција што им ги одзела животите на нивните роднини и пријатели, силно одекнаа низ земјава и ја потврдија колективната ментална траума со која се соочува општеството во моментов.
Најголем дел од починатите и повредените се на возраст меѓу 14 и 28 години, односно се практично генерација што растеше во периодот на транзиција на земјата и се жртви на институционалните недоследности во системот.
Македонија се соочи со многу несреќи и трагедии што предизвикаа голема болка и тага, но ужасот во дискотеката „Пулс“ ја прелеа чашата, смета социологот професор д-р Илија Ацески.
Во интервју за „Фокус“, професорот објаснува што значи оваа колективна траума за граѓаните од општествен и социолошки аспект, потенцирајќи притоа дека сме земја во која човекот живее во константен страв и не може да се ослободи од чувството дека ќе му се случи нешто лошо.
Психичката и менталната енергија во државата е целосно уништена и потребни се итни реформи во образованието, констатира професорот.
По првичниот шок од трагедијата што ја зави во црно целата земја, надлежните најавија зајакнати контроли, законски измени и целосно „ресетирање“ на системот, но според социологот Ацески не е потребно реформирање на сите сектори, туку во најважниот – образованието.
Разговараше
Орце КОСТОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК