Многу години, дискотеката успеала да функционира незаконски, но само една секунда направи катаклизма, а морбидната слика како копаат гробишта во Кочани ќе остане вечно врежана во главите на целата македонска јавност.
Многу млади животи згаснаа, многу семејства се зацрнија – но, сепак, да видиме како почна сѐ? Дискотеката „Пулс“ го сопре пулсот на цел еден млад свет.
Таа се наоѓа во центарот во Кочани, а на нејзината официјална фејсбук-страница можат да се пронајдат бројни имиња на познати македонски и српски пејачи, диџеи кои редовно секој викенд настапувале таму, што значи дека младината од регионот биле редовни посетители на сега веќе познатата „куќа на смртта.
Никој не знаел што во себе крие дискотеката, која низ годините била главно место за излегување по 12 часот по полноќ, кога реално и почнувале живите свирки, на кои нормално не требало да присуствуваат малолетници.
„Фокус“ проверуваше кој стоел во заднина на дискотеката „Пулс“ и кој управувал со ангажираната агенција за обезбедување „Рубикон“?
Тука е одговорноста и дали ја има на „исчезнатиот“ градоначалник Љупчо Папазов.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК