1226

by admin 22:17
22:17

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
„Татковината повикува“ е концепт за конфронтација со Албанците и за кавга со целиот цивилизиран свет кој го поддржа Договорот од Преспа, за меѓународна изолација на Македонија. Тој слоган е голема измама и игра со патриотските чувства на луѓето заради власт, што е нечесно

НЕГИРАЊЕ НА РЕАЛНОСТА
Лицемерна ни е и духовната власт. Мене ми беше симпатична акцијата „Со Гога на јога“, затоа што си практикувам јога. Арно ама, ако пред неколку години владици од МПЦ порачуваа „да се покајат сите што практикуваат јога“, оти било „фундаментално учење на хинду религијата“, сега си молчат. Изгледа кога Гога фура јога, тогаш јогата добива христијански димензии!

ИСТОРИСКА ПОСЕТА
Чудото од Преспа прави историски чуда. Во Скопје, во прва историска официјална посета дојде грчкиот премиер Алексис Ципрас. Следното историско чудо ќе биде кога премиерот Заев ќе отиде во историска официјална посета во Атина. А потоа? Потоа, таа историја во сегашноста ќе почне да ја пишува – иднината

ПОСТИЗБОРНИ ПРЕГРУПИРАЊА
Дали е можно прегрупирање на политичките сили по изборите? Дали СДСМ ќе ја зголеми коалицијата со нови субјекти или, пак, ќе замени некој од постоечките партнери? Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да изгради коректна соработка со албанска политичка партија и коалиција, како предуслов за формирање влада еден ден?

КОНТРОВЕРЗИТЕ НА СЛАВНИОТ ВОЈВОДА
Гревот на Александров не е во тоа што ѝ служел на бугарската држава, која искрено во срцето си ја чувствувал за своја. Тоа не значи дека не ја сакал Македонија како област во која бил роден. Но, тоа не ги покрива неговите злодела и ликвидации што ги вршел на теренот

СЈО ВО ЛОВ НА БУЧКОВСКИ, АХМЕТИ И ЏАФЕРИ
Редовното обвинителство со години „истражуваше“ дали поранешните функционери Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери земале мито во аферата „Маџар телеком“. Сега предметот е во надлежност на СЈО. Како што неофицијално дознаваме, обвинителката Лиле Стефанова има во раце неколку „бомби“

ДЕСОВЕТИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ
Успехот на судските реформи во Албанија треба да покаже дека западните сојузници се решени да стават крај на политичката мафија на Балканот, која го блокира интегрирањето на регионот во НАТО и ЕУ кокетирајќи со Путинова Русија

СО КОГО СЕ, ТАКВИ СЕ
Третата мудрост ни вели да се држиме подалеку од оние кои имаат армии партиски слепци што се гордеат со нив, оти мудри луѓе треба да се срамат од она со што будалите се гордеат. Да плачат над она на што идиотите се радуваат. Да се грозат од она на што неписмените се восхитуваат

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Само вистината може да ја прочисти интелектуалната атмосфера во Македонија и да го оттргне народот од национална апатија, која е производ на недоречености, двосмислености или ординарни лаги. Конечно, само вистината може да им застане на патот и на најновата генерација политички профитери спремни да направат „од готово, (национална) вересија“

Сашо ТАСЕВСКИ
И ова музичариве што го направија препевот, треба некој да ги праша зошто го направиле. За Македонија или за кеш? Или за двете? Не, стварно, кому го направија? На младите од нивната генерација, чии процесори во главата работат во тера бајти? Кого од нив го заболе „тодор“ за една историски крајно дубиозна појава како Тодор Александров?

Јанаки МИТРОВСКИ
Режимот и неговите јатаци во правосудството ниту е мртов, ниту е на колена. Жив, здрав и прав, олицетворен во Мијалков и неговите конкубини, кои сѐ уште бесрамно ги носат судските тоги, влијателен речиси како порано. На првенците од минатата власт не можат ни три месеци притвор да им се соберат, додека деца за 20 грама канабис ја добиваат Шутка како од шега

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дезориентиран сој од анахрони комити. Шутраци и пеливани, парадни коњи со силен адреналин, шарлатани, паразити и лажни патриоти распоредени од крајпатни меани до министерски позиции, а обединети околу движењето „За заедничка Македонија“. „Ќосе“ може да биде секоја просечна македонска будала што сака да глуми патриот

Атанас КОСТОВСКИ
Еве домашна задача за Меѓуресорската комисија за Законот за употреба на јазиците. Подгответе господа „амандман“ услови според кои Спорт клуб, Арена спорт или Евроспорт, својата понуда на нашиот пазар мора да ја прилагодат на нашата публика, односно спортскиот настан задолжително мора да биде прокоментиран на македонски јазик