ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Колебливото однесување на Мицкоски и разногласието во ДПМНЕ, му дадоа ветар во грбот на Заев, да го крене судбоносниот адреналин на референдумот, што е единствениот можен начин за мобилизација на гласачите. Се разбира, тоа не значи дека референдумот ќе изврши силно влијание врз однесувањето на опозицијата, дури и ако има цензус, но секако ќе има политички последици
АКО ЗА МИЦКОВСКИ ЗАЕВ Е КВИСЛИНГ, КОЈ Е ТОГАШ ХИТЛЕР?
Кога ќе собереш се на купче, математички прецизно, излегува дека сите клучни фактори од ЕУ и НАТО се на драматично различни позиции од лидершипот на ДПМНЕ. Ако овие асоцијации доминатно се за „капитулација“ на Македонија, зошто мицковистите упорно верглаат дека се за ЕУ и НАТО? Зошто да тежнеат да бидат дел од сојузи кои не ѝ мислат добро на нацијата ни!?
РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ УСПЕЕ А „РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ВЛЕГУВА ВО НАТО!
Светот и меѓународната заедница забрзано се менуваат. Речиси век – век ипол, Балканот е ни „буре барут“, ни „зона на мирот“. Конечно, во втората декада на 21 век, изгледа ќе почнат да го претвораат во „зона на мирот“, но и на стабилноста, демократијата, слободата, пријателството и развојот. За никогаш повеќе да не е „буре барут“. Затоа, референдумот ќе успее. „Република Северна Македонија“ влегува во НАТО! Јасно, нели? Кој ова не може да го разбере – никој не му е крив
СЕЗОНА НА ЛОВ НА ЗАШТИТЕНИТЕ МЕЧКИ ВО СУДОТ
Катица Јанева објави посебен извештај за неколкумина судии, кој содржи сериозни обвинувања за нивната непрофесионалност и корумпираност. Но наместо кривично да ги гонат, во СЈО се правдаат дека немаат законска можност да бараат нивна одговорност пред Судскиот совет, бидејќи делата одамна застареле
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, МИНИСТЕР СО БАГАЖ
Филипче потекнува од семејство на познати лекари, а неговиот татко Илија, исто така беше министер за здравство од 1994 до 1997 година, кога поднесе оставка. Неговото министерување го следеа низа скандали. Венко Филипче, пак, кој само десет месеци е на оваа функција за многу кратко време го стресоа неколку афери поврзани со милионски суми. Ќе ги преброди ли?
ЗАВИСИ ОД КОНТЕКСТОТ
Не се лицемери оние наши иселеници во Америка или Австралија кои се прекрстиле во Бил, Џорџ или Џејмс, а во секоја прилика повторуваат дека „името не го даваме“. Оти, таа промена тие си ја направиле доброволно, без принуда
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
На референдумот од 30 септември, имаме шанса судбината, повторно, како и во 1991, да ја земеме во свои раце. Да гласаме „ЗА“ европска Македонија, за да си го отвориме патот кон еден „свет на ред и човечност во кој се оди исправено, се гледа мирно и се зборува отворено“
Ана ПАНОВСКА
Да сум на местото од Мицкоски, би молела бога референдумот да успее. Ако не успее, ако ова парче земја остане територија на која ќе дивеат криминални банди, ако се закрвиме на меѓуетнички план на патот кој сега ни се отвора, ако од Скопје создадеме Бејрут… Ееј! Памет во глава, народе!
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Може да се претпостави дека и персоналниот состав на овој РСС не е случаен и не е направен според угледот, честа и стручноста на секој негов член. Се разбира чест на исклучоците, но не и на правилото!? Па, нели затоа членовите на РСС се над сите закони и Уставот и не одговараат никому!?
Сашо ТАСЕВСКИ
Самите се доведовме во ситуација да треба да проголтаме жаба која не е баш пријатна за голтање. Ако ја голтнеме, ни ветуваат дека ќе добиеме голема можност да станеме стабилна држава. Ако, пак, не ја голтнеме, ќе треба во иднина да се навикнеме да голтаме уште покрупни и покрастави жаби
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Обрач од фирми“ е синоним за олигархијата што управува корпоративно со фирмите преку корумпирани политичари и послушни марионети. На тој начин, финансиски моќните бизнисмени ја ставаат власта „во скут“, затоа што имаат интерес од административен хаос во државата