„Фокус“ пред неколку години пишуваше за центрите за дијализа што отидоа под концесија, а фирмите што го поделија бизнисот-колачот се „Систина“ на Камчев и „Дијамед Македонија“ на Вера Иванова. Според пресметките, целиот бизнис тежи безмалку половина милијарда евра.
И по пет години, сѐ уште постојат сомневања дека фирмите се фаворизирани за да ја добијат работата, иако тоа не ја исклучува можноста дека оттогаш наваму на некој начин се подобрени условите во дијализните центри низ земјава што се однесува до објектите, опремата и хигиената.
Ваквите сомнежи и пишувањата на „Фокус“ пред две недели, односно на 29 октомври 2018 година ги потврдија и од Основното јавно обвинителство, од каде што отворија предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Македонија
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”