Конечно, пајтон партиите служат за тајни комуникации, дилови и поткусурувања меѓу големите партии. Преку некоја пајтон партија, која ќе смени страна, главатарите од големата партија може да продолжат да ги тераат своите бизниси, и притоа другата голема партија да биде чиста пред своите членови кои бараат да се удри врз фирмите на наведените главатари.
Ако си (бил) да речеме висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, можеш де јуре, на хартија, твоите фирми да ги префрлиш на некои фаци кои влегле во коалиција со СДСМ, и ти да продолжиш да си профитираш, а во СДСМ да не се буни никој што истите фирми кои до вчера под режимот добивале тендери, сега добиваат тендери и од новата власт.
Оти сега, фирмите и тендерите одат кај нашите коалициони партнери, ќе рече Заев, и кој може да каже дека не е во право?
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”