Со ситни души не се носат крупни одлуки

by vlatko 00:00
00:00

Моментално, ние немаме двобој на идеите, туку тробој, како во завршната сцена од легендарниот вестерн-филм „Добриот, лошиот и грдиот“, каде што Добриот револвераш не знае во кого да пука прво, дали во Лошиот револвераш или во Грдиот револвераш, а во иста дилема се и Лошиот и Грдиот.

Заев се смета себеси за Добриот и бара од Мицко тој да биде Грдиот, да повика на гласање на референдумот, да му обезбеди цензус и така да го поразат заедно Лошиот, т.е. движењето за бојкот.

Мицко исто се смета себеси за Добриот, и јавно покажува симпатии кон Грдиот, т.е. бојкотирачите, кои ги смета за генерално чисти само загадени со малку фекалии, па ем сака референдумот да пропадне и да настрада така Лошиот (Заев), ем ако може како во вистински тробој, да го елиминира и Грдиот (бојкотирачите од гледната точка на Мицко) за да остане само тој единствениот на крајот политички жив.

Бојкотирачите себеси се сметаат за Добриот, оној вешт пиштолџија кој ќе ја одбрани честа на Македонија, и во Мицко го гледаат Грдиот, од кого очекуваат поддршка за заедно да го елиминираат Лошиот т.е. Заев од сцената. А потоа, ќе се пресметаат еден со друг Добриот и Грдиот.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”