„Тие гневни луѓе, кои папагалски повторуваат дека со Договорот со Грција се менувал идентитетот, самите никогаш немале јасна национална свест. Затоа толку брзо можеле да станат антички Македонци. Оти, тој што има јасен национален идентитет, тој не помислува дека некој може да му го укине идентитетот.
Но, тие, очигледно, знаат дека може! Затоа што самите поминале низ „редизајнирање“ на македонскиот идентитет, по скратена постапка. Тие прифатиле во нивната држава, еден автократ, бившиот премиер Груевски, една авторитарна партија, ВМРО-ДПМНЕ, да им го смени идентитетот“, ова се размислувањата на д-р Кица Колбе, писател и философ, која неколку децении живее во Германија.
Во интервјуто за „Фокус“, таа објаснува зошто е важно референдумот да успее, за улогата на интелектуалците, за омразата и подлоста, за словенскиот идентитет, за нејзиното егејско потекло и паметењето на траумата на нејзините родители што ѝ го насочиле интересот за историското помирување помеѓу балканските народи.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”