467
Двајца гледачи загинаа, а еден е тешко повреден во несреќа за време на рели митинг во Пуи-де-Дом, Франција.
Француската полиција објави дека за време на митингот во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патот и удрил во група гледачи.
Во тој процес, две лица загинале, а еден гледач бил тешко повреден и бил пренесен со хеликоптер во локална болница.
„Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле Крос во општината Сен-Жист. Автомобилот излетал од патот. Две лица загинале, едно е пренесено со хеликоптер во болницата Клермон-Феран. Другото лице, возачот на автомобилот, претрпел полесни повреди и бил пренесен во болницата Амберт. Седум други лица претрпеле шок, но не се повредени“, според организаторите.