Една третина од британските пратеници го повикуваат британскиот премиер Кир Стармер да повика на признавање на државата Палестина.
Тие се охрабрени од изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека неговата држава ќе го направи тоа на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември.
Од девет политички партии претставени до Долниот дом, 221 пратеник потпишаа писмо упатено до лабуристичкиот премиер Кир Стармер и неговиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами.
„Иако признаваме дека Обединетото Кралство нема моќ да создаде слободна и независна Палестина, признавањето од страна на Обединетото Кралство би имало значително влијание поради нашите историски врски и нашиот статус како постојан член на Советот за безбедност на ОН. Затоа повикуваме да се преземе тој чекор“, велат пратениците.
Иницијативата ја покрена пратеничката од Лабуристичката партија, Сара Чемпион, претседателка на парламентарниот Комитет за меѓународен развој.