Убиец баран со потерница скокна од 4-ти кат од зграда во Приштина – бегал од полиција

by irena 09:03
09:03

Мажот Б.К. бил тешко повреден синоќа околу 20 часот кога скокнал од четвртиот кат од зграда во Приштина додека полицијата го бркала.

Неофицијално, станува збор за лице по кое е распишана потерница за тешко убиство во блиско село.

Според локалните медиуми, Б.К. е во болница во тешка состојба. Голем број полицајци го чуваат пред собата.

Вистинската драма се одвивала во центарот на Приштина кога осомничениот ги видел полицајците. Почнал да трча низ зградата, а кога немал каде да оди, се фрлил од четвртиот кат. Во болница бил примен во тешка состојба и во несвест.

Тој е осомничен за тешко убиство што се случило во блиско село пред неколку месеци.

Истрагата е во тек.

Оваа информација официјално ја потврди полицијата.

Слични вести