Османи: Ако сакаат, Трамп и Рутe може да го овозможат членството на Косово во НАТО

by irena 21:58
21:58

Претседателката на Косово – Вјоса Османи, денес на Универзитетот Џон Хипкинс изјави дека, ако сакаат, американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, би можеле да го овозможат членството на Косово во НАТО.

Како што објави приштинска Коха, Османи рече дека Трамп и Руте можат да ги убедат земјите што не ја признаваат независноста на Косово да се приклучат кон НАТО.

Таа истакна дека би можеле да вложат поголем напор во однос на ставот на Шпанија, Словачка и Романија, и дека Грција никогаш не била некој што „блокира“.

Слични вести