Се огласи градоначалникот на Крива Паланка: Тежок ден за Крива Паланка, но ден на храброст и човечност

by irena 20:25
20:25

Се огласи градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, по сериозниот пожар кој денеска беснееше во градот и околната шума.

– Опасна огнена стихија се закани на градот, хероите ја спасија! Со срце поголемо од пламенот, стоеја на првата линија. Тежок ден за Крива Паланка, но ден на храброст и човечност, порача тој во својата фејсбук објава.

Тој се заблагодари на сите што излегоа на терен.

– Ви благодарам на сите што се боревте – вие сте нашата сила, гордост и надеж! Хероите постојат – и денес ги видовме во дело, сподели Митовски.

Засега нема официјални информации дали пожарот целосно е ставен под контрола. Повеќе не се чувствува чад во централното градско подрачје, ниту се слушаат силните сирени на противпожарните возила, иако минуваат низ градот. Опасност постои поради временските услови, односно ветрот кој со часови дува во овој регион од земјава.

Слични вести