Сончево и топло со температури до 38 степени

by irena 07:53
07:53

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 28 до 38 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат од минимални 20 до максимални 38 степени.

УХМР информира дека претстои период на сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, особено од четврток до средината на наредната седмица, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 Целзиусови степени, а на места ќе надминат и 40 степени.

Слични вести