44
76-годишник со остар предмет се заканувал на ќерка си и внукот
Како што информираа од полицијата, вчера во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Џ.М.(76) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот и се заканувал на неговата ќерка и неговиот внук, при што употребил и остар предмет.
Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.