650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење

by irena 12:38
12:38

Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци.

Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци.

При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило.

Слични вести