Запленети десетина тони марихуана во Скопје и Струмица, под ,,опсада” фабриката која нелегално извезе 5 тони канабис во Србија

by valentina 06:15
06:15

Доцна синоќа, по претерсот во просторијата на фирмата АЛПХАПХАРМ ГРОУП ДОО Скопје, во кругот на поранешната фабрика ,,Охис”, полицијата заплени неколку тони марихуана, која компанијата ја одгледувала.

Поголемо количество е запленето и во магацини во Струмица, но засега не е познато од која фирма.

Од Министерство за внатрешни работи и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција засега не соопштуваат официјални детали, со образложение дека претресите и проверките сè уште се во тек.

Акцијата доаѓа откако на 29 јануари во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот црн пазар.

Како што веќе објави ,,Фокис”, фирмата е основана во 2023 година, од српски државјани. Таа е регистрирана за одгледување и преработка на зачински, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба.

(Фотографија: запленетата дрога во Србија)

Слични вести