(ВИДЕО) Дел од жртвите биле заробени во тоалетите, дефект на електричната инсталација причина за пожарот во бар во Бангкок

by valentina 23:24
23:24

Новинската агенција „Асошиејтед прес“ (АП), ги пренесува првите официјални сознанија за можноте причини за катастрофалниот пожар во бар во Тајланд, во кој загонаа најмалку 27 лица.

Сомнежите се дека се случил дефект на електричната инсталација.

Еден од музичарите сведочел дека забележал како густ чад почнал да излегува директно од главниот осигурувач и разводната табла лоцирана во близина на бината.

​Веднаш по појавата на чадот, настанал целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија, при што објектот останал во мрак.

По кусиот спој, одекнала силна експлозија, по што за само неколку секунди внатрешноста на зградата се исполнила со непроѕирен и задушувачки чад“, објаснува тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул.

Премиерот Анутин додал дека паниката и неможноста да се најдат излезите за евакуација во темницата биле кобни за поголемиот дел од присутните.

​Спасувачките екипи и инспекторите пронашле голем број од безживотните тела на жртвите во тоалетните простории, кои се наоѓале на задниот дел од пабот. Луѓето најверојатно бегале таму во очајнички обид да се спасат од пламенот и задушувањето, останувајќи заробени без излез.

Слични вести