,,Пасатот” на адвокатот Алиспахиќ бил запален по 2 часот по полноќ, МВР трага по сторителот

by valentina 21:34
21:34

По информацијата дека се запалени две возила во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ, од МВР за ,,Фокус” потврдуваат дека настанот се случил синоќа после полноќ.

-На 25.06.2026 година во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот на подрачје на Бутел има опожарени две возила ,,пасат” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.А.(42) од Скопје и ,,мерцедес” со велешки регистарски ознаки сопственост на М.М.(37) од Скопје. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Адвокатот Алиспахиќ за ,,Фокус” изјави дека немал недоразбирања и не се сомнева во никој.

-За жал информацијата е точна. Верувам во институциите и нивното професионално постапување. Заради истрагата не можам ништо да кажам,за било што обратете во МВР.
Со никого немам било какви недоразбирања, не се сомневам во никого, мотивот и причината за мене се непознати, изјави Алиспахиќ за ,,Фокус”.

Алиспахиќ е адвокат со долгогодишно искуство, кој застапува обвинети во голем број случаи, од кои дел биле од голем интерес за јавноста.

Валентина Вурмо

Слични вести