Лизгање на земјиште во Водно, состанок на директорот на ЦУК и градоначалникот Герасимовски

by valentina 12:08
12:08

По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби, информираат од Општината.

-Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партеније Зографски“.

Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување, велат од Општината.

Слични вести