(ФОТО) Излета цистерна од патот Гевгелија-Богданци, нафтата се излеала и запалила

by valentina 12:03
12:03

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска излетала цистерна полна со нафта, која истекла и се запалила.

-Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси  огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум, информира Ангелов.

Ангелов додава дека патот Гевгелија – Богданци е затворен за сообраќај.

Слични вести