290
На социјалните мрежи се споделува видео од авион полн иселеници во Швајцарија кои патуваат кон Македонија за да гласаат на вториот круг од локалните избори. Се тврди дека станува збор за трета група иселеници кои патуваат кон државата.
Патниците покажуваат број на една политичка партија, а во објавата на Фејсбук се повикува да се гласа за еден од кандидатите за градоначалници на Струга.
-Се очекува вториот круг да биде одлучувачки за иднината на Струга, додека дијаспората уште еднаш докажува дека љубовта кон татковината нема граници“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.