Груби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен и пасошот

by valentina 11:57
11:57

Поранешниниот вицепремиер Артан Груби за една недела, поточно на 13 август, ќе излезе од домашен притвор, бидејќи тогаш се исцрпува законскиот рок на оваа мерка. Сепак на сила ќе останат да важат мерките на претпазливост, меѓу кои му е одземен и пасошот, поради што тој нуди гаранција од 335.707 евра за да и тие бидат укинати.

-Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година. Воедно, покрај мерката куќен притвор, против обвинетиот е определена и дополнителна мерка на претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница, која ќе продолжи да важи и по истекот на законски предвидените 60 дена. Во однос на оваа мерка на претпазливост, одбраната до Судот достави предлог, со кој, согласно член 150 од Законот за кривичната постапка, предлага нејзино укинување со определување гаранција. Имено, одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка, информираат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека по понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство.

-По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот, а за донесената одлука странките и јавноста ќе бидат навремено известени, истакуваат од Кривилниот суд.

В.В.

Слични вести