243
Во Крива Паланка во моментот е активен голем пожар кој се доближува кон населеното место Лозаново и се заканува да зафати и куќи.
Градоначалникот Сашко Митовски повика на смиреност и внимателност, но воедно побара и помош од соседните општини, но и државата, за справување со огнената стихија.
-Градот се наоѓа под досега најголема огнена стихија. Алармирам и апелирам за помош од соседните општини, за државна помош, вклучување на механизација, бидејќи во опасност е самото населено место Лозаново и домовите на граѓаните,
