15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без возачка дозвола

by irena 17:35
17:35

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 15-годишник од Скопје.

При сообраќајна контрола на булеварот „Јане Сандански“, полицајците сопреле мотоцикл со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека малолетникот го управувал без возачка дозвола.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести