Зврлевски: Обвинителството на Јанева е политичко, а нашето независно

by Фокус

Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски бил навреден заедно со другите обвинители зошто било формирано специјално обвинителство и најави дека наскоро пред Уставниот суд ќе било оспорено неговото формирање.

-Не е точно дека не постапуваме по предметите. Недовербата кон Јавното обвинителство на Република Македонија и другите обвинителства е несонована. Доволно говори фактот дека дел од предложените кандидати веќе работеа на тие случаи, изјави Зврлевски.

Според него специјалното јавно обвинителство е политичко, додека јавните обвинителства се независни.

-Ако имате политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и носење на закон спротивно на сите правила и барање избор спротивно на сите закони, тогаш сметам дека е тоа политичко обвинителство. Се гордеам што не сме политичко обвинителство, додаде тој.

Зврлевски посочи дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд, а додаде и дека  предвидените плати за обвинителите од специјалното обвинителство се мегаломански.

-Вчера имавме состанок на јавни обвинители, како повод на реакција беа наведените планови за високи плати. Тие се регулирани со закон, меѓутоа надоместоците кои јавните обвинители за организиран криминал не ги добиваат, а работат на предмети за терористи, наркокрартели и ИСИС. Доколку некој ги добие тие надоместоци, ние ќе побараме од Владата и ние да ги добиеме, најави тој.

Поврзани новости