Зверев го предаде натпреварот по тешка повреда-Надал е прв финалист

by fokus

Рафаел Надал е прв финалист на Ролан Гарос откако Александар Зверев заработи незгодна повреда на скочниот зглоб на десната нога и го предаде мечот во вториот сет.

Во финишот на вториот сет, Зверев се лизна, по што само се струполи на теренот и во солзи во инвалидска количка беше однесен од теренот.

Целиот стадион, вклучително и Надал, остана во шок, додека врисоците и офкањата на Германецот одекнаа низ стадионот.

Германецот набрзо се врати на теренот со патерици со свиткана нога, која можеби дури е и скршена.

Поврзани новости