Зошто ССМ го исклучи МЕСО од своите редови?

by lali

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) донел одлука со која Мултиетничкот синдикат на образование (МЕСО) е исклучен од централата на ССМ. Како што неофицијално дознаваме причина за тоа било дека наводно МЕСО не доставил податоци за членството до централните органи на организацијата и дека неговото делување било против ССМ, односно настапите на лидерството на МЕСО биле критички за раководството на ССМ, како и за лидерот Живко Митревски.

Од друга страна пак, некои членови во МЕСО за Фокус потврдија дека изнесените обвинувања на ССМ за да се исклучи МЕСО не се точни и дека зад целата постапка може да има политика, токму предизвикана од активностите на МЕСО кои ги оценуваат како синдикални и исправни.

Целиот случај сега може да заврши на суд ако нема промена на одлуката на ССМ. А како ќе се однесуваат во МЕСО ќе зависи од утрешната нивна седница после која јавно ќе го соопштаат ставот и неоправданоста на одлуката на ССМ за нивно исклучување. Како и да е, во обидот на ССМ се препознава обид за слабеење на нивната синдикална организација, а со тоа и на синдикалното организирање во Македонија.

Поврзани новости