Зошто полицијата без дозвола упадна да снима на судењето на Чаушот?

by fokus

Судијката Гордана Спировска налутено реагираше на денешното судење на Закир Бекири – Чауш за фалсификуваните лични карти кога виде дека сниматели од МВР снимаат без дозвола, тајно, со мала, рачна камера.

– Што се замислувате, кој ви дозволи. Веднаш да ми кажете кој ви дозволи да нè снимате? – нервозно прашала судијката.

Еден од полицајците и одговори дека тој има претпоставен, по што судијката нареди веднаш да се избришат снимките.  Полицајците кои беа во цивилка молчешкум ја послушаа наредбата на судијката. Инцидентот не смее да заврши само со бришење на снимките, туку мора да се открие кој е претпоставениот што го пуштил снимателот во судница, зошто не интервенирала судската полиција ако не постоела дозвола, за што биле потребни снимките од судница кога медиумите од секое судење емитуваат материјали?

Поврзани новости