Зошто Франција стана најголем купувач на руски течен гас?

by Fokus 16:41
16:41

Франција станала најголемиот купувач на течен природен гас (LNG) од Русија, пишува германскиот весник Die Welt, повикувајќи се на податоците од финансискиот аналитички центар CREA.

Ова се должи на фактот што Франција се соочува со проблеми во националниот енергетски сектор. Особено што поради технички причини, работата на повеќе нуклеарни централи мораше да биде прекината, што резултираше со намалување на производството на електрична енергија.

Франција, како што се потсетува во написот на Die Welt, повеќе не добила руски гас преку цевководи, но за разлика од Германија, таа има четири терминали за прием на течен гас во секое време.

Намалувањето на увозот на рускиот гас во Европа годинава, покрај со настојувањата за намалување на зависноста од руските енергенси во заднината на војната во Украина, а поврзано и со прекинот на испораките преку гасоводот „Јамал-Европа“ од мај, како и со намалувањето на руските испораки преку другите два главни коридора – Северен тек 1 и транзитниот систем во Украина, како и намалување пореди технички работи на испораките по должината на Турски тек.

Покрај тоа, некои европски енергетски компании одбија да го прифатат новиот модел на Москва за плаќање на испораките на гасот во рубљи, поради западните санкции врз рускиот финансиски сектор. Така, руски „Газпром“ кон крајот на април престана да ѝ испорачува гас на бугарската државна компанија „Булгаргаз“ и на полската PGNiG, а кон крајот на мај на финскиот оператор „Gasum“ и холандскиот „GasTerra“, а на почетокот од летото на германската компанија „Shell Energy Europe“ и данската „Orsted“.

Поврзани новости