Зоре Темелковски, татко на градоначалникот на Кисела Вода, предложен за член на Одборот за наградата „8 Септември“

by fokus

Дебата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска предизвика составот на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ која се доделува за спортски достигнувања.

Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека Зоре Темелковски не треба да биде член на одборот бидејќи неговиот син е градоначалник на Кисела Вода, а неговиот друг син е во Кошарскарската федерација на Македонија.

Ејуп Алими од ДУИ, пак, сметаше дека член во одборот повеќе не треба да биде Јовица Угриновски, и на негово место го предложи Шабан Трстена. И Димков сметаше дека токму Трстена треба да биде во одборот. На крајот со поддршка на владејчакото мнозинство член на одборот повеќе не е Угриновски, туку Шабан Трстена.

Поврзани новости