Зоран Трпески: Изненаден сум зашто повторно се објави моето писмо до Груевски за „Македонска банка“!

„Фокус“ деновиве побара коментар од екссопственикот на „Македонска банка“ Зоран Трпески за снимките што ги објави Зоран Заев поврзани со банката и за неговото отворено писмо кон Никола Груевски од 2002 година, кога денешниот премиер беше министер за финансии.

ZoranTrpeski-– Што се однесува до аудиозаписот објавен од господинот Зоран Заев, за неговата автентичност или неавтентичост, односно вистинитост или невистинитост, како што беше јавноста известена е покрената иницијатива за судска разврска од двете страни, со што случајот прејде во рацете на институциите кои се најповикани и најнадлежни да го расчистат во интерес на јавноста и спречување на било какви шпекулации од било која страна во врска со истиот – смета Трпески.

А што се однесува пак до повторното објавување на јавното обраќање од пред 12 години на господинот Никола Груевски, Трпески вели дека искрено е изненаден бидејќи:

– Моето јавно обраќање е од 2002 година, две години пред да се случи продажбата на предметните акции во 2004 година предмет на аудиозаписот,

– Моето јавно обраќање пред 12 години беше актуелно тогаш и направено за тоа време и со друга цел од таа како што се сака од одредени весници преку уреднички наслови, поднаслови и цртежи да се прикаже спротивно на во него фактичката содржина и суштина и стави во контекст на некаква подршка на објавениот аудиозапис од господинот Зоран Заев,

– Моето јавно обраќање беше во тоа време до актуелниот председател на комисијата за хартии од вредност и министер за финансии господинот Никола Груевски како член на тогашната (Љубчова) политичка партија ВМРО ДПМНЕ која како партија и преку поедини негови сопартијци залута во една општествено неприфатлива, противуставна и штетна појава на партиски бизнис активности создавајќи политички бизнис претпријатија,

– Во моето јавно обраќање никаде не се споменува името на господинот Никола Груевски како личност инволвирана во партизацијата и офшоризацијата на „Македонска банка“, што беше и мотив повеќе токму на него и да биде адресирано обраќањето, со главна порака за негова понатамошна лична определба: струка или политика,

– Целта на тоа јавно обраќање до господинот Никола Груевски беше како член на тогаш (Љубчовата) ВМРО ДПМНЕ внатрепартиски да го покрене и се избори за промена на бизнис политиката на партијата, укажувајќи им на повисоките и позначајни или поблиски сопартијци до тогашниот лидер господинот Љубчо Георгиевски за заблудата по тоа прашање кое не само што е противуставно но и штетно како за самата партија така и за општествениот амбиент за слобода на претприемаштвото и бизнисот,

– Во прилог на моето потенцирање на значењето на внатрепартиското надминување на таквата појава оди не само што за истото свој став даде Уставниот суд на Република Македонија кој требаше да се спроведе во дело, туку и тоа што никој од политичките субјекти и институции во државата, до кои сум се обраќал во тоа време не пројави интерес да отвори постапка за спроведување на уставната одлука и департизација на „Македонска банка“ меќу другото.

Поврзани новости