Зоран Милановиќ: Во случај на вонредна состојба, би купил вакцини против Ковид-19 и од чеченската мафија

by Fokus

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека во случај на вонредна состојба, би купил вакцини против коронавирусот „и од чеченската мафија”.

– Сите се измамени, но вакцините повторно доаѓаат сега и мислам дека лекарите по улици ќе бараат луѓе да се вакцинираат. Не мора да го слушаме Брисел за се. Но, ова не е суверенизам туку елементарна должност на државата кон граѓаните. Исто така, би купил вакцини од чеченската мафија, доколку се достапни. Ако станува збор за мои граѓани. Работиш во свој интерес, изјави хрватскиот претседател синоќа за хрватската телевизија Нова.

Запрашан како гледа на фактот дека Европската унија го постави прашањето како е тоа што Русија нуди вакцини, а не ги вакцинираше ниту нејзините граѓани, Милановиќ оцени дека тоа е логично прашање.

– Па, мојот син исто така го доведе во прашање тоа, а тоа значи дека немаат доволно вакцини и дека сигурно нема да се грижат за Хрватска и Србија. Ме интересира колку од тие вакцини пристигнаа во Унгарија. Симболично. Но, не можете да ги вакцинирате луѓето симболично, туку навистина , оцени хрватскиот претседател.

Поврзани новости