Зоран Ивановски: ДПМНЕ прави манипулации со адресата за гласање во дијаспората

by Fokus

Зоран Ивановски, кандидат за пратеник од опозицискиот СДСМ од дијаспората обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ прави манипулација со гласачкото тело за местото каде што треба да се гласа. Според него, досега се гласало во македонскиот конзулат во Њујорк, а во меѓувреме има нов конзул кој изнајмил нов објект што се наоѓа во Њу Џерзи, која е сосема друга држава и сега треба таму да се одржи гласањето.

– Сите досегашини изборни циклуси за пратеник од дијаспората се одржуваа во македонскиот конзулат во Њујорк. Имаше доста негодувања и од гласачкото тело на ДПМНЕ бидејќи конзулатот е во Менхетен, па потребни се 100 долари за паркинг и тол за тунелите. Годинава прво беше пријавувањето на емаил со потврда од ДИК дека е одобрена апликацијата за гласање во дијаспората. Во повратниот емаил беше адресата од Њујорк од Македонскиот Конзулат – тврди Ивановски.

Тој додава дека откако дошол новиот конзул, тој изнајмил нов објект во Њу Џерзи, која е друга држава, а за тоа биле известени само гласачите на ДПМНЕ.

– За сите гласачи од ДПМНЕ има внатрешна информација заедно со организиран превоз до новиот објект каде ќе се одржи гласањето, а сите други ја имаат претходната информација за гласање во Њујорк – истакна Ивановски.

Поврзани новости