ЗНМ: Србија погреши со екстрадицијата на Божиновски

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија изразува разочараност и загриженост од одлуката на спрските власти да го екстрадираат во Македонија новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

„Веруваме дека експресната одлука на српските власти за есктрадиција е политички мотивирана и ќе предизвика сериозна штета врз слободата на медиумите не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Со екстрадицијата Србија свесно го изложува на напотребен ризик новинарот Божиновски иако претходно беа информирани за заканите што врз него ги упатуваа највисоките претставници на власта. Српската влада ќе сноси одговорност ако Божиновски во македонските затвори биде изложен на нечовечки третман. Чудно е што Србија како земја која преговара за членство во Европската унија не може да земе во заштита новинар кога повеќе од јасно е дека во матичната држава нема минимални услови за фер судење поради нарушената доверба на јавноста во судскиот систем. Перверзно е да се екстрадира новинар во земја каде тајната полиција е вмешана во масовно прислушување на нејзините граѓани, а Претседателот на државата го амнестира целиот политички врз на земјата за тешки криминални дела“, реагира ЗНМ.

ЗНМ обезбеди правна помош на колегата Божиновски и побара од канцеларијата на народниот правобранител Иџет Мемети да го посети Божиновски во затворот.

Поврзани новости