ЗНМ: Саше Ивановски постапувал спротивно на новинарската етика

by fokus

Советот на честа при ЗНМ ја прифати како основана претставката од Данчо Арсов, која се однесува на коментар на сопственикот на порталот maktel.mk, Саше Ивановски.

-Зборовите на Ивановски, цитираме : „Радуј се Циго, уште малце и пак ќе одиш у Шутка, извалкан со до гуша у криминал…“, ги кршат членовите 10, 11, 15 и 16 од Кодексот на новинарите.
Во случајов, сопственикот на maktel.mk јасно манифестира говор на омраза и поттикнува дискриминација на национална и расна основа. Истовремено, ја навредува ромската заедница, што е неспоиво со новинарската професија, е заклучокот на Советот на честа на ЗНМ.

Советот оценува дека Ивановски постапил спротивно новинарската етика и континуирано грубо го нарушува угледот и достоинството на новинарската професија.

Поврзани новости