ЗНМ: Нападот врз новинарот на Телма е смислен од оние кои ја попречуваат истрагата на СЈО

by fokus 12:31
12:31
Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува физичкиот
напад врз новинарот на телевизија Телма Павле Беловски, кој вчеравечер
пред Министерството за внатрешни работи беше нападнат со тупаници и
клоци од лице со криминално досие, додека известувал за увидот на
Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и
контраразузнавање за аферата за прислушување.
-Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на
медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги
одвратат новинарите да известуваат за нивните опструкции на истрагата
на СЈО. Дали инспираторите на синоќешниот напад се истите структури на МВР кои
во исто време прават опструкции врз истрагата на СЈО во УБК и дали
истите структури стојат зад досегашните нерасветлени напади врз
новинари? Јалови се обидите преку напади и заплашување на новинари да
се попречи и избегне правдата, се вели во реакцијата на ЗНМ.
ЗНМ го поздрави брзото приведување на насилникот и побара од МВР

случајот да се расветли до крај и да поднесе кривични пријави против
насилникот и неговите инспиратори.
-Го потсетуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека
помина една година откако даде јавно ветување дека ќе работи на
расветлување на сите напади против новинари. ЗНМ досега има
регистрирано 35 напади против новинари. Ниеден од нив не е расветлен,
ниту пак некој од насилниците е казнет, велат од ЗНМ.

Поврзани новости