ЗНМ ја осуди егзекуцијата на новинари во Париз

by Фокус 13:50
13:50

И Здружението на новинарите на Македонија ја осуди вчерашната егзекуција на новинарите од францускиот магазин „Шарли Ебдо“ од Париз.

„Во овие тажни моменти изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ. Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет. Насилството во никој случај не смее да се толерира, а злосторниците мора најостро да се казнуваат. Екстремистите и терористите мора да се поразат во име на слободата, мирот и разбирањето меѓу цивилизациите“, соопштија од ЗНМ.

- Advertising -

Ваквиот чин го осуди и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, а осуди стасаа и од владата, невладини организации, верските организации и поединци.

Поврзани новости