ЗНМ и СЕММ бараат оставка од директорот кој пцуеше новинарка

by fokus

ЗНМ и СЕММ денеска во одделни реакции побараа оставка од директорот на топланата „Скопје Север“, Кушртим Рамадани кој ја пцуеше и и се закануваше на новинарката на МКД.мк

-ЗНМ алармира дека ваков однос кон новинарите и медиумските работници од страна на одговорни лица е недозволив и непримерен. Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос може да води кон самоцензура. Ваквиот однос претставува и притисок на слободата на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес. Директорот Рамадани исто така, според разговорот објавен на мкд.мк, се заканува со тужба на новинарката Додевска без никаква основана причина што дополнително говори за нискиот капацитет за професионална комуникација, велат од ЗНМ.

И од Советот за етика во медиумите побараа оставка од Рамадани:

-Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудува безобразниот и дрзок вербален напад од директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани кон новинарката на МКД.мк, Катерина Додевска.
Пцовките, навредите, заканите и целата агресија во таа телефонска комуникација се сведоштво за елементарна лична некултура, но и за општествена атмосфера каде се нормализираат и толерираат овие испади и тоа е она што особено загрижува.
Кога вакви атаци врз медиумите и медиумските работници доаѓаат од страна на јавни функционери тоа дополнително зборува и за целокупната слобода на говор и услови за работа на нашите колеги.
СЕММ бара одговорност и оставка од директорот и итна реакција од институциите.

Поврзани новости