ЗНМ го поздрави барањето на СЈО да го презеде предметот за Божиновски

by Фокус

Здружението на новинарите на Македонија ја поздрави одлуката на Специјалното јавно обвинителство да побара од Основното јавно обвинителство да го преземе предметот на новинарот Зоран Божиновски, кој од април е во притвор поради сомнение за извршени три кривични дела.

„Веруваме дека СЈО ќе води покредибилна и поефикасна постапка за случајот и ќе помогне вистината побрзо да излезе на виделина. Се надеваме дека СЈО по преземањето на предметот сериозно ќе ја разгледа можноста да побара укинување на мерката притвор за Божиновски“, соопштија од ЗНМ.

Поврзани новости